Русија со своја мисија на Месечината
Русија на 11 август почнува со евакуација на село на далечниот исток на земјата, како подготовка за лансирањето на првата руска мисија за слетување на Месечината. Ова ќе биде прво лансирање на руско летало на Месечината по 1976 година, објави руската вселенска агенција Роскосмос.
Жителите на селото Шахтински во руската област Хабаровск, југоисточно од местото на лансирање, ќе бидат евакуирани рано наутро в петок, бидејќи селото се наоѓа во област каде што се предвидува дека ќе паднат ракетните стабилизатори по лансирањето.
Месечевото летало „Луна-25“ ќе биде лансирано од космодромот „Восточни“ којшто се наоѓа на околу 5.550 километри источно од Москва. Во соопштението се додава дека тоа ќе биде првото вселенско летало што ќе слета на јужниот пол на Месечината и дека целите на мисијата се развивање технологии за меко слетување, истражување на внатрешната структура на Месечината и барање ресурси, како вода и друго.
Ново на Сител
-
Поплавени домови во Волково
-
Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш
-
ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони
-
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ