Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
Русија во текот на ноќта повторно го нападна Киев со јуришни дронови, а во таков напад врз јужниот украински град Херсон загинаа најмалку три лица, соопштија денеска градските власти.
Градските власти на Киев соопштија дека во текот на ноќта Русија лансираше нападни беспилотни летала врз украинскиот главен град.
Украинската противвоздушна одбрана уништи десетина дронови над градот, изјави Серхи Попко, шеф на воената администрација во Кијив. Засега нема извештаи за повредени во урнатините во еден градски реон, додаде тој.
Најмалку три лица загинаа во напад со дрон врз јужниот украински град Херсон, а уште седум се ранети во утринскиот напад врз градот, чија цел беше јавниот превоз, напиша Олександр Прокудин на каналот Телеграм.
Четири лица загинаа, а најмалку 24 се ранети во руски напад во текот на ноќта врз украинскиот индустриски град Дњепропетровск, соопштија утринава украинските власти.
Од 24-те повредени, 18 се во болница, а седум се во критична состојба, изјави регионалниот гувернер Серхиј Лисак на Телеграм. Меѓу повредените е и едно единаесетгодишно момче.
Нападната било селото Заричанка, недалеку од главниот град на регионот, а во него се оштетени неколку станбени згради и продавници
Ново на Сител
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот