Русија: Снабдувањето на Украина со муниција со осиромашен ураниум е знак на нечовечност
Руската амбасада во САД ја осуди одлуката на Вашингтон да го снабдува Киев со муниција со осиромашен ураниум.
- Одлуката на американската администрација да испрати муниција со осиромашен ураниум во Киев е јасен знак на нечовечност, соопшти Амбасадата на Русија и предупреди на ризиците поврзани со „подвижните радиоактивни облаци“ предизвикани од ова оружје.
САД најавија помош од милијарда долари за Украина, што треба да даде „нов поттик“ за контраофанзивата на Киев. Воениот дел од оваа помош во износ од 175 милиони долари предвидува испорака на муниција со осиромашен ураниум.
Употребата на муниција со осиромашен ураниум е контроверзна поради токсичните ризици за војската и населението.
Во соопштението од Руската амбасада се истакнува дека Вашингтон „одбива да го прифати неуспехот на така наречената контраофанзива на украинските вооружени сили“.
Ново на Сител
-
Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип