Русија склучила договор со Иран за производство на дронови
Русија склучи договор со Техеран за производство на „стотици” ирански дронови за нејзината војна во Украина, се вели во извештај на Вашингтон пост, кој цитира американски и западни разузнавачки извори.
Според американскиот весник, двете страни работат на започнување со производство во наредните месеци, согласно договор постигнат на почетокот на ноември, пренесе ДПА.
Русија веќе употреби стотици дронови Шахед-136 од иранско производство. Тие можат да летаат неколку стотици километри, да кружат над целната област и потоа да се спуштат со својот експлозивен товар.
Москва негираше употреба на таканаречените дронови камикази, додека Иран претходно овој месец призна дека испорачувал дронови на Русија.
Руската војска ги користи дроновите за напади врз енергетската инфраструктура на Украина.
Сопственото производство ќе и овозможи на Москва дополнително да ги зачести ваквите напади.
Техеран моментално и ги предава „дизајните и клучните компоненти” на Москва за да започне со производство, пишува Вашингтон пост, цитирајќи тројца владини претставници кои биле запознаени со разузнавачките наоди познати на американските и други западни безбедносни служби.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола