Русија: САД да ги прекине непријателските летови
Русија бара од САД да ги прекине според нив непријателските летови над Црното море. Оваа реакција доаѓа нецели 24 часа по првиот инцидент помеѓу двете суперсили од почетокот на руската инвазија на Украина.
Русите тврдат дека немало никаков контакт меѓу двете летала и дека дронот се урнал по остри маневрирања.
- Неприфатливата активност на американската војска непосредно до нашите граници е причина за загриженост. Што прават овие дронови илјадници километри од САД. Собираат разузнавачки информации кои Киев потоа ги користи за да ги напаѓа нашите вооружени сили и територија, кажа Антонов дополнувајќи дека Русија не сака никаква конфронтација со САД.
Американските власти пак велат дека Русија извршила дрско кршење на меѓународното право предизвикано од непрофесионалното однесување. Пентагон тврди дека дронот бил на рутински лет и дека дошло до судир откако рускиот воен авион дошол премногу блиску и испуштил гориво во близина на американското беспилотно летало. Авионот притоа го допрел пропејлерот на дронот кој потоа се урнал во Црното Море. САД најавија дека ќе спроведат темелна истрага за настанот.
-
Бранислав Јанески
Сите содржини од овој новинар
