Русија прв пат призна дека има жртви и повредени во војната во Украина
Прв пат денеска руското Министерство за одбрана призна дека има жртви во Украина, но не даде конкретни бројки.
Руското министерство за одбрана соопшти дека има убиени и ранети руски војници во офанзивата во Украина, но дека тие се во далеку помал број од загубите на Украина, пренесе руската новинска агенција ТАСС.
„Загубите што ги претрпеа руските вооружени сили се неколку пати помали од бројот на истребените националисти“, се вели во извештајот на Министерството.
Украинската заменик-министерка за одбрана денеска објави проценка за загубите и соопшти дека досега загинале 4.300 руски војници.
Вчера Украина побара од Меѓународниот комитет на Црвениот крст да ги отстрани мртвите тела на „илјадниците“ Руси убиени во досегашната инвазија и да ги врати во Русија.
Од почетокот на она што Русија го нарекува своја „специјална воена операција“ во Украина, вооружените сили погодиле 1.067 украински воени локации, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на податоците на Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-
Верниците од денеска ќе можат да го посетат гробот на папата Франциск
-
Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск
-
Три лица загинаа во пад на мал авион во американската држава Тенеси
-
Трамп: Путин само ме тапка по рамото
-
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени кога возило влета во публиката на фестивал во Канада
-
Облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана