Русија против петстрани преговори за севернокорејската нуклеарна програма

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го отфрли предлогот на Јужна Кореја за одржување петстрани преговори за севернокорејската нуклеарна програма, од кои би бил исклучен Пјонгјанг, јави јужнокорејската агенција Јонхап.
Според Лавров, обидот за изолација на Северна Кореја „не е добра идеја“.
Предлогот за организирање преговори за нукеларната програма на Северна Кореја меѓу Јужна Кореја, Јапонија, Кина, Русија и САД, без учество на претставници на Пјонгјанг, минатиот петок го промовираше јужнокорејската претседателка Парк Гуен-хје.
Парк оцени дека е потребен „покреативен пристап“ во преговорите за нуклеарната програма на Пјонгјанг, бидејќи, според неа, досегашниот формат на разговори на петте земји плус Северна Кореја се покажал како неефикасен.
- Слушнавме за предлогот на Јужна Кореја за преговири во формат „шест минус еден“, но мислиме дека тоа не е добра идеја. Во таков случај би произлегло дека сакаме да изолираме некого. Обидите за изолација на Иран не донесоа ништо добро. Таа грешка не смее да се повтори и со Северна Кореја, изјави Лавров.
Ново на Сител
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
-

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
