Русија протестира поради симнување на знамето над Конзулатот во Сан Франциско
Руската амбасада во Вашингтон упати протестна нота до САД откако руското знаме беше симнато од Конзулатот во Сан Франциско.
САД и наредија на Русија да го затвори својот Конзулат во Сан Францско и преземаа контрола врз објектот, поради сомнеж дека тој се користел за шпионски активности. Но, Русија се уште ја смета зградата за своја сопственост и руска територија и бара врз неа да се вее руското знаме.
- На американската страна и врачивме решителен протест поради симнувањето на руските знамиња од нашите објекти во Сан Франциско, кои се под контрола на американските власти. Според нас, тоа е крајно непријателски потег. Бараме руските државни симболи итно да бидат вратени на своето место и ваквото однесување да не се повтори во иднина, соопшти руската амбасада во Вашингтон.
Уште две руски канцеларии во Вашингтон и во Њујорк беа затворени по наредба на американските власти, а Русија, во знак на одговор, им нареди на САД да го намалат своето дипломатско присуство во Русија. Кризата во односите произлегува од инсистирањето на американската Демократска Партија дека Русија била вмешана во претседателските избори во 2016 година и помогнала Доналд Трамп да ја победи Хилари Клинтон.
Ново на Сител
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор