Русија прогласи вонредна состојба во дел од регионот Воронеж по напад со дрон
Русија прогласи вонредна состојба во регионот на Воронежската област што се граничи со Украина по полноќен напад со дрон, објави денеска локалниот гувернер Александар Гусев на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.
Според него, руските сили пресретнале пет беспилотни летала. Паѓањето на остатоци предизвикало пожар што предизвикал детонација на експлозивни предмети.
Ниту една станбена зграда не е оштетена, но властите мораа да воведат итни мерки во три населени места во регионот Острогож и да евакуираат 200 луѓе, наведе тој.
„Поради ликвидација на последиците од пожарот и детонација на експлозивни предмети во Острогожската област, воведена е вонредна состојба на територијата на три населени места. Евакуирани се вкупно околу 200 лица“, меѓу кои и жителите од едно село, истакна Гушев. „Одвоен е пункт за привремено сместување, но речиси сите жители отидоа кај своите роднини. Оние кои живеат во соседното село се информирани за безбедносните мерки“, додаде гувернерот на руската област Воронеж.
Ново на Сител
-
Седница на Судски совет, на дневен ред избор на судии и претседатели на судови
-
Седници на две собраниски комисии
-
Избори во САД: Трамп во водство
-
Премиерот Мицкоски во посета на МАСИТ
-
САД/Избори: Републиканците освоија 190 места во Претставничкиот дом, демократите 154
-
Во Шпанија во тек потрага по 89 исчезнати лица во поплавите
-
Состојба на патиштата
-
Наутро студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност