-->
-->
Русија подготвена да испорача на Ирак ново оружје во борбата против ИД
-->
Русија е подготвена да му испорача на Ирак ново оружје во борбата против „Исламска држава“, пишува денеска „Независимаја газета“, по дискретната посета на ирачкиот министер за одбрана во Москва.
- Двете земји ги разгледаа испораките за Ирак на артилериски системи, противтенковско оружје, бомбардери со голем опсег и авиони-ловци, пишува весникот, повикувајќи се на извор во руските сили за безбедност.
Халед ал Обеиди вчера беше на еднодневна посета на Москва, но властите на двете земји беа доста дискретни во однос на програмата на ирачкиот министер. Посочено беше само дека таа била поврзана со воено-индустриската соработка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа
-
Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер
-
Гаши пуштен на домашно лекување
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти