Русија почна да произведува интерконтинентални балистички ракети Сармат
Во Русија почна сериското производство на најновата интерконтинентална балистичка ракета Сармат, изјави директорот наДржавниот ракетен центар Макеев, Владимир Дегтијар.
– Ракетниот систем веќе е пуштен во сериско производство, обезбедени се потребните материјали и опремата за производство. Во следните 40 – 50 години Сармат ќе го зајакне борбениот потенцијал на руската армија и ќе ја осигура безбедноста на Русија. Во сегашните геополитички услови ова оружје ќе стане главен фактор за нуклеарно одвраќање и гаранција за зачувување на мирот, истакна Дегтијар.
Русија тврди дека новата ракета ќе може да нападне цели и преку Северен и Јужен Пол и на тој начин да ги порази противракетните одбранбени системи на непријателот.
Русија претходно објави дека првото лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета Сармат било извршено на 20 април и дека било успешно. До крајот на есента тие планираа да изградат и распоредат околу 50 од овие интерконтинентални балистички ракети способни за нуклеарни напади.
Сармат има дострел од 18.000 километри и може да биде опремен со нуклеарни боеви глави. Рускиот претседател Владимир Путин во април го искористи лансирањето на ракетата за да му се закани на Западот во контекст на руската војна во Украина.
– Ракетата може да ги надмине сите видови одбрана и да ги натера земјите да размислат пред да и се заканат на Русија, изјави тогаш Путин.
Ново на Сител
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот