Русија од подморница лансираше ракета „Калибр“ на воени вежби во Јапонско Море
Руското Министерство за одбрана соопшшти дека на воените вежби во Јапонското Море, од подморница е лансирана крстаречка ракета „Калибр“ кон копнена цел оддалечена повеќе од 1.000 километри, пренесоа британските медиуми.
Министерството објави и видео на кое се гледа како проектилот излегува од под водата, а потоа погодува цел во тренинг област во источниот дел на руската територија Хабаровск.
Москва, која имаше повеќедецениски територијален спор со Токио за Курилските острови во Тихиот Океан, соопшти дека во вежбата учествувале и неодреден број бродови, авиони и беспилотни летала.
Британските медиуми забележуваат дека Москва и во војната во Украина користеше ракети „Калибр“ за напад врз повеќе цели, вклучувајќи и електрани, лансирајќи ги од бродовите и подморниците во Црното Море.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец