Русија најави ковид пасоши
Жителите на Русија кои се вакцинирани против коронавирус од јануари 2021 година автоматски ќе можат да добијат пасош кој ја потврдува вакцинацијата, изјави министерот за здравство Михаил Мурашко.
– Планирано е во јануари, на веб-страницата за државни услуги, да биде достапна можноста, меѓу другото, автоматски да се добие пасош за вакцинирано лице со внесување лични податоци, рече Мурашко на состанокот на владиниот координативен совет за коронавирус.
Тој исто така рече дека 80 проценти од вкупниот број заразени со коронавирус во Русија, или околу 900.000 луѓе, се лекуваат дома.
Мурашко посочи дека во последните денови се забележува позитивна динамика и дека бројот на заразени е намален за четири проценти.
Во Русија денеска се регистрирани уште 27.002 случаи на коронавирус.
Од почетокот на пандемијата во Русија, заразени се 3.105.037 лица со Ковид 19.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност