Русија лансира четири ракети „Топољ“, Пенс во посета на база со нуклеарно оружје

Рускиот претседател Владимир Путин го надгледуваше лансирањето на четири интерконтинентални балистички ракети од типот „Топољ“, соопшти Кремљ.
Лансирањето се случи во рамки на вежбите на стратешките нуклеарни сили на Русија, а ракетите се во можност да носат нуклеарни боеви глави.
Во соопштение од руското Министерство за одбрана се наведува дека пробните лансирања се извршени вчера и оти станувало збор за ракети кои можат да се истрелаат од копно, воздух и од подморница. Министерството прецизира дека ракетите се лансирани од космодромот Плесецк, на северот на Русија и оти ги погодиле целите поставени на воениот полигон Кура на полуостровот Камчатка, оддалечен илјадници километри.
Заедно со веста за тоа дека Путин го надгледувал лансирањето на ракетите, пристигна и информацијата дека американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска ќе ја посети воздухопловната воена база во Мајнот, Северна Дакота, каде има нуклеарано оружје. Ова е вторпат во изминатите шест недели, висок функционер од администрација на Доналд Трамп да ја посети оваа база.
Планирано е Пенс денеска да го посети објектот за лансирање интерконтинентални балистички ракети во таа база, а најавено е и негово обраќање пред припадниците на воените сили.
Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис во септември ја посети истата база, што медиумите го оценија како потсетување за Северна Кореја на нуклеарните капацитети на САД.
Во Мајнот се наоѓа една од двете американски бази на бомбардери Б-52 и центарот 91. Ракетно крило, кое оперира со 150 од вкупно 450 нуклеарни ракети „минитмен 3“ на американските воздухопловни сили.
Ново на Сител
-

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк - прв муслиман на функцијата
-

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“
-

Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи
-

Разговорите со ЕУ се одолговлекуваат без договор за климатските цели
-

Автопатот Велес - Градско затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско - Дреново
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

СВР Битола апелира битолчани да не наседнуваат на телефонски измами
-

ОЈО: Истрага за сообраќајната несреќа во која загина велосипедист
