Свет
16. July 2016 - 10:18

Русија ќе распореди ракетни системи на Крим

Руската армија синоќа најави дека планира да распореди зенитно-ракетни системи Ц-400 „Триумф“ на Крим.

Ракетните системи ќе бидат распоредени во август во градот Феодосија, источниот дел на Крим.

Ц-400 „Триумф“ е ултрамодерен систем за противвозушна и противракетна одбрана со дострел од 400 километри.

Украинскиот полуостров Крим е анектиран од Русија во март 2014 година.