Русија ќе организира свои Зимски параолимписки игри
Откако на руските и белоруските натпреварувачи им беше забрането учеството на Зимските параолимписки игри, кои вчера официјално беа отворени во Пекинг, агенцијата ТАСС јави денеска дека Русија ќе организира свое натпреварување за спортисти со инвалидитет.
Агенцијата, повикувајќи се на анонимен руски извор, наведе дека руските и белоруските параолимпјци ќе се натпреваруваат во Сочи, градот домаќин на Зимските олимписки игри во 2014 година.
– Натпреварувањата на кои ќе учествуваат руски и белоруски спортисти ќе се одржат на олимписките објекти во Сочи. Се разговара за датумите и дисциплините, рече изворот на руската агенција.
Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ) првично им дозволи на Русија и Белорусија да настапат на Игрите во Пекинг за спортисти со инвалидитет, но само 24 часа подоцна ја промени одлуката.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори