Свет
18. February 2021 - 12:47

Русија ќе ја регистрира третата вакцина против Ковид-19 на 20 февруари

Третата вакцина против коронавирусот - Ковивак, што ќе ја произведува центарот „Чумаков“, ќе биде регистрирана во Русија на 20 февруари, објавено е на владината веб-страница посветена на коронавирусот, пренесува РИА Новости.

Две вакцини против коронавирусот веќе се регистрирани во Русија - вакцината „Спутник V“, развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја од руското Министерство за здравство и вакцината „Епивак“ на Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнолошки вектор.