Русија ќе и испорача оружје на Африка во вредност од четири милијарди долари

Русија планира годинава да испорача во Африка вооружување во вредност од 4 милијарди долари, изјави за „РИА Новости“ на форумот „Русија-Африка“ генералниот директор на руската државна компанија за увоз и извоз на производи за воена намена „Рособоронекспорт“ Александар Михеев.
„Станува збор за техника за воено воздухопловство и ПВО, оклопна техника и тенкови, стрелечко оружје, противтенковски ракетни системи“, прецизираше тој.
Москва во моментов ги реализира договорите за испорака на вооружување во 20 африкански земји, меѓу кои се Уганда, Руанда, Мозамбик и Ангола, додаде соговорникот на агенцијата.
Притоа вкупната вредност на нарачките за оваа и следната година е 14 милијарди долари, рече директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев.
На форумот беше соопштено дека Русија и Нигер потпишале договор за испорака на 12 офанзивни хеликоптери Ми-35. Покрај тоа, Еритреја покажала интерес за руските ракетни чамци и хеликоптери.
Самитот и економски форум „Русија-Африка“ се одржува во Сочи на 23-24 октомври. Поканети се да присуствуваат шефовите на сите 54 држави од африканскиот континент. Копретседавачи на оваа манифестација Русија и Египет.
Ново на Сител
-

Министерството за енергетика: Домашниот електроенергетски систем е стабилен и подготвен
-

Роверот „Кјуриосити“ на НАСА откри полигонални пукнатини на Марс
-

Меколи Калкин се сретнал со „Дизни“ за „Сам дома 7“
-

Актерот Бен Афлек освои милион долари во квизот „Кој сака да биде милионер“ - ги донираше на локалните заедници во Конго
-

Сингапур им забрани на „Масив атак“ влез во земјата поради палестинското знаме
-

Во западна Турција откриена ретка статуа стара 2.500 години
-

Ендрик сака да го напушти Реал
-

Втора победа на македонските ракометари на Европското кадетско првенство
