Русија ја тестира Спутник В на деца од 12 до 17 години
Градските власти во Москва денеска соопштија дека почнало тестирање на вакцината Спутник В против коронавирусот врз деца на возраст од 12 до 17 години.
Заменик-градоначалничката Анастасија Ракова рече дека биле ангажирани 100 доброволци, кои не биле заразени со вирусот и немаат здравствени проблеми што би ги спречиле да бидат вакцинирани.
Ракова рече дека децата ќе добијат помала доза од вакцината во споредба со возрасните.
Русија се соочува со зголемување на бројот на заразени лица, а прва доза вакцина промиле 23 милиони луѓе, што е малку повеќе од 15 проценти од популацијата. Минатиот месец, бројот на нови случаи на коронавирус беше двојно зголемен, од 9.000 на ден во почетокот на јуни на 24.000 оваа недела.
Според официјалните податоци, денеска се регистрирани повеќе од 24.000 нови случаи, а во последните 24 часа од Ковид-19 починале 654 лица.
Ново на Сител
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Прв случај со западнонилска треска во Kумановско
-

Владата одлучи: Од денеска до 30 септември, училишниот прибор ќе се продава за 15% поевтино
-

200 паралелки помалку во основно, 100 во средно – Јаневска најави и затворање на 26 рурални училишта
