Русија ја предупредува ЕУ на последиците од поттикнување судири во светот
Официјална Москва ја советува Европската унија, која се соочува со голема мигрантска криза, да има предвид какви последици може да има врз Европа поттикнувањето на конфликти во други земји, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
- Навистина сме подготвени да оствариме целосна соработка со земјите, кои се погодени од оваа криза, особено кога станува збор за ЕУ во надминување на последиците и решавање на проблемот со илегалната миграција во Европа, рече Захарова.
- ЕУ се соочува со тешка мигрантска криза, имајќи предвид дека на нејзина територија од почетокот на годината влегле 340 илјади илегални мигранти, истакна Захарова и додаде дека Русија смета оти нејзините партнери во ЕУ не можат адекватно да реагираат на влошувањето на ситуацијата.
Таа додаде дека е очигледно дека постојат пропусти во миграциската политика на Унијата.
Портпаролот на руското МНР истакна дека Русија и претходно, кога избувнувале конфликтите на Блискиот иОток, предупредила на опасноста од нови конфликти.
Ново на Сител
-
Во Турција протести поради притворањето на градоначалникот на Истанбул
-
Ангелов: Да ги оставиме најблиските за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда
-
Тур де Франс 2027 ќе стартува од Велика Британија
-
Мартовски Самит на ЕУ: Главни теми конкурентноста, Украина и европската одбрана
-
Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА
-
Погреб на загинатите во пожарот во Кочани
-
Се проширува истрагата за несреќата во Кочани, притвор за полициски службеници поврзани со издавање согласности за функционирање на дискотеката
-
Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани