Русија и Кина работат на заедничка вакцина против Ковид-19
Кинеската фармацевтска компанија Кансино Билоџикс (CanSino Biologics) и руската Петровакс Фарм (Petrovax Pharm) ја започнаа третата фаза на клинички испитувања на вакцина против коронавирус, објави утрово Глобал Тајмс.
Тестовите во моментов се спроведуваат на руска територија. „Двете компании добија дозвола од руското Министерство за здравство да ја тестираат ефикасноста на вакцината Ad5-nCoV“, се вели во официјалното соопштение на „Кансино Билоџикс“.
Тестирањата во Русија ќе завршат до крајот на септември, а резултатите ќе бидат објавени пред зимата. Вакцината се очекува да биде тестирана на 40.000 волонтери, но само дел од нив се руски државјани.
Управата на „Кансино Билоџикс, исто така, ги истражува можностите за соработка со Мексико, Пакистан и Саудиска Арабија.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунинг вчера на брифинг изјави дека кинеските фармацевтски компании развиле девет вакцини за коронавирус кои се во клинички испитувања и наскоро ќе бидат достапни за сите земји.
Ново на Сител
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање