Русија и испраќа на Франција кученце како замена за загинатото полициско куче
Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев прифати да прими подарок од рускиот колега, кученцето Добриња, кое ќе го замени службеното куче Дизел, кое загина за време на сепцијалната операција во Париз.
Казнев му испратил писмо на руските колеги во кое ги известил дека ќе го прими подарокот, пишува весникот „Паризиен“.
- Подарокот од руските кинолози-полицајци до француските колеги, кој ќе го замени полициското куче Дизел, е многу симболичен, силен и исклучителен гест од ваша страна. Лично сум допрен од тоа, и ве уверувам дека за тоа кученце ќе бидат создадени подобри услови, напиша Казнев.
Весникот не наведува кога Добриња ќе пристигне во Париз, и дали ќе биде предаден на дресерот на Дизел.
Пред патувањето кученцето треба да помине низ медицински проверки и некое време да помине во карантин, а потоа, кога ќе стигне во Франција, да се навикне на новата земја и да ги научи командите на новиот јазик.
Ново на Сител
-
Уапсени двајца скопјани поради сомнение дека запалиле три возила во Аеродром
-
Спроведени инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките
-
Кампањата за Локалните избори во второ полувреме, партиите во трка за довербата на граѓаните
-
Во Кривичен денеска треба да продолжи судењето за „Онкологија“
-
Путин изјави дека украинските напади во внатрешноста на Русија нема да му помогнат на Киев
-
Најмногу дожд во Демир Капија, од утре стабилизација на времето
-
Нетанјаху: Нашите крволочни непријателите не нè скршија
-
Четворица загинати при уривањето на зградата во реновирање во Мадрид