Бизнис
7. July 2015 - 16:33

Русија го прекина дотокот на струја во источна Украина поради неплатени сметки

Украинските власти соопштија дека Русија ги прекинала доставките на електрична енергија за територијата на источна Украина, која е под контрола на проруските сепаратисти поради неплатени сметки. 

- Водевме конструктивни разговори со Русите. Четири далноводи на територија надвор од наша контрола беа прекинати, изјави украинскиот министер за енергетика Володимир Демчишин. 

Тој посочи дека месечната сметка за овие доставки изнесува 300 милиони гривни (12 милиони евра) и досега не била плаќана. 

Соопштението е објавено во момент кога во Минск заседава Контактната група за Украина, составена од претставници на Киев, Москва, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и проруските сепаратисти.