Русија го нападна Киев со балистички проектили

Руската војска нападна цели во главниот град на Украина, Киев, со балистички проектили, соопштија локалните власти рано утрово.
Прелиминарните извештаи од украинските воздухопловни сили укажуваат дека биле истрелани најмалку четири проектили. Репортер на ДПА слушнал околу десетина експлозии во центарот на градот, претежно од противвоздушен оган.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм соопшти дека избувнал пожар во јужниот округ Холосивски. Остатоци од ракети, исто така, паднале во два други окрузи, при што се запалил најмалку еден автомобил, додаде тој.
Воените аналитичари сугерираат дека цели на нападот веројатно биле двете топлински централи на градот.
Властите пријавија напади и во југоисточна Украина. Девет руски борбени дронови го погодиле градот Запорожје, по што се запалиле неколку станбени згради, соопшти регионалниот гувернер Иван Федоров на Телеграм.
Индустрискиот град Каменске исто така бил цел на руски проектили и дронови, соопштија украинските воздухопловни сили. Првично не беа пријавени штети или жртви.
Претходно, неколку руски борбени дронови, исто така, го гаѓаа јужното украинско пристаниште Измаил во близина на романската граница.
Јавниот радиодифузер на Украина јави за експлозии и прекини на електрична енергија во градот, но засега нема официјална потврда.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од три и пол години.
Поради тековните напади со руски дронови и проектили врз енергетската инфраструктура, грејната сезона за системите за централно греење во украинските градови е веќе одложена.
Со оглед на тоа што температурите веќе се едноцифрени и наскоро ќе паднат уште пониско, многу жители на градот можат да ги греат своите домови само со помош на клима уреди и други електрични греалки, пренесува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Осомничениот од Старо Нагоричане, прв сериски убиец на жени, поврзан со уште две убиства и два обиди
-

Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
