-->
-->
Русија ги предупреди американските медиуми дека може да се соочат со санкции
-->

Руското Министерство за правда предупреди три медиумски куќи кои дејствуваат во Русија, а се финансирани од страна на американските власти дека ќе бидат прогласени за „странски агенти“.
Потегот доаѓа откако САД најавија дека може да ја ограничат работата на медиумите Спутњик и Раша Тудеј, кои се финансирани од руската држава.
- Принципот на реципроцитет ќе се применува и во иднина, во зависност од мерките кои американските власти ќе ги применуваат кон руските медиуми, пишува во соопштението на руското Министерство за правда упатено до трите американски медиуми.
Се работи за Радио Свобода, руското издание на американското Радио Слободна Европа, телевизиската куќа Идела Реалии, која исто така е поврзана со Радио Слободна Европа и Кјуртен Тајм, која е дел од мрежата на Гласот на Америка. Радио Слободна Европа и Гласот на Америка се финансирани од американската државна агенција Би-Би-Џи.
Американски конгресмени го повикаа телекомуникацискиот регулатор Еф-Си-Си да ја испита работата на Спутњик и Раша Тудеј, а безбедносната служба ФБИ наводно го испитувала новинарот на Спутњик, Ендрју Фајнберг.
Политичари блиски до американската Демократска партија ги обвинуваат руските медиуми дека влијаеле врз изборот на Доналд Трамп и поразот на Хилари Клинтон на минатогодишните избори.
Во врска со најавените возвратни руски санкции, Ненад Пејиќ, потпретседател на Радио Слободна Европа, изјави дека Кјурент Тајм, Радио Свобода и Идел Реалии се новинарски организации на кои би требало да им биде дозволено да продолжат да дејствуваат во Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
