Свет
8. October 2015 - 8:58

Русија ги повика САД и Турција за координирање на активностите во Сирија

Русија вчера одржа воени разговори на високо ниво со Израел во врска со нејзината кампања во Сирија и упати повик и кон други држави за координација на активностите на сириска територија, а меѓу нив и кон САД и Турција. 

Претставници на Русија и Израел разговарале за тоа како можат да избегнат случајни судири во Сирија. 

- Русија нема да преземе какви било дејствија, кои ќе претставуваат закана за израелската национална безбедност, изјави во интервју за израелското радио Алексеј Дробинин, советник во руската Амбасада. 

Руската делегација беше предводена од првиот заменик-началник на Генерал-штабот Николај Богдановски, кој се сретнал со неговиот израелски колега Јаир Голан. 

- САД нема да соработуваат воено со Русија во Сирија, изјави министерот за одбрана Ештон Картер, а Турција има забелешки поради неколкуте нарушувања на воздушниот простор и во рок од четири дена го повика на консултации рускиот амбасадор.