Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената
Руските власти ги обвинија САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената, еден ден откако Советот за безбедност на ОН ја отфрли руската предлог-резолуција на оваа тема, и по сличното обвинување од Вашингтон за Москва.
Тие обвинувања и контраобвиненија ги оживуваат стравовите, отсутни уште од Студената војна, за можна трка во вооружување и покрај постоењето на договор за вселената од 1967 година кој повикува „да не се развива нуклеарно оружје или кое било друго оружје за масовно уништување посебно за поставување во орбитата” на планетата Земја.
Портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова оцени дека американското отфрлање на предлог-резолуцијата покажува дека САД имаат за цел „да го стават оружјето во вселената и да ја направат арена на воена конфронтација“.
„Пропуштена е нова можност да се спречи трка во вооружување во вселената поради вина на САД и нивните сојузници“, рече Захарова.
Кон крајот на април, САД и Јапонија претставија своја предлог-резолуција до Советот за безбедност на ОН за да се спречи милитаризација на вселената, но Русија стави вето, критикувајќи го фактот дека текстот се фокусира само на еден вид оружје, нуклеарното оружје.
Предлог-резолуцијата претставена вчера од Русија и Кина, која делумно го содржи текстот блокиран во април, исто така ги повикува сите земји-членки да преземат „итни мерки“ засекогаш да го спречат распоредувањето оружје во вселената и заканата или употребата на сила во вселената.
Сепак, тој предлог не ги собра деветте гласови потребни за усвојување.
Ново на Сител
-
Малолетник од Виница во „фолксваген кеди“ превезувал 9 мигранти
-
Предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД
-
Истрага за обид за убиство во Мирковци
-
Студија: Повеќето американски тинејџери се воздржуваат од алкохол, цигари и марихуана
-
Ѓуриќ за „Катимерини“: На крајот на 2026 година Србија ќе биде подготвена за членство во ЕУ
-
Украина: 1100 ракети беа истрелани врз нашата енергетска инфраструктура оваа година
-
Царината запленила 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен | ФОТО
-
Нова акција на МВР во Арачиново, пронајдено големо количество оружје