Русија една од темите на средбата на Парламентарното собрание на НАТО
Односите со Русија ќе бидат една од темите на виртуелниот состанок на Парламентарното собрание на земјите членки на НАТО, кој ќе се одржи од 14 до 17 мај, соопшти прес-службата на германскиот Бундестаг.
– Агендата на пролетниот состанок на Парламентарното собрание на НАТО вклучува, меѓу другото, дискусии за односите со Русија, се наведува во соопштението.
Меѓу другите најавени теми се ситуацијата во Средоземното Море, односите со Кина, ситуацијата во Белорусија, соопшти прес-службата на германскиот Парламент.
Поради пандемијата на коронавирусот од март 2020 година, сите сесии се одржуваат онлајн, потсети Бундестагот. Делегацијата на германскиот Парламент има 11 пратеници.
Парламентарното собрание на НАТО се состои од 269 претставници од 30 земји-членки на Алијансата. На состанокот ќе учествуваат и претставници на 11 придружни држави и на Европскиот парламент.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции