-->
-->
Русија e исклучително задоволна од развојот на односите со Турција
-->
Русија е исклучително задоволна од развојот на односите со Турција, изјави денеска претседателот на Русија Владимир Путин при средба со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган во Москва, јави ТАСС.
- Што се однесува до нашите билатерални контакти, во највисок степен сме задоволни од нив, од развојот на нашите меѓудржавни односи, рече Путин.
Путин истакна дека Турција е во пресрет на парламентарни избори. - Посакавме успех на вашата партија, рече рускиот претседател.
Што се однесува до трговско-економските односи Путин истакна дека Русија останува вториот по големина трговско-економски партнер на Турција. - Нашите трговско-економски односи продолжува да се развиваат, рече Путин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ Виница
-
Пожарот кај Никуштак активен, во гаснењето вклучени два „ер трактора“
-
Приведени две лица, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога | ФОТО
-
Мицкоски за прислушкувањето: Одговорност мора да има за прислушкувањето
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
-
Милевски: Главна цел ни беше да останеме на првото место
-
Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот, но нејзиниот колапс не е во интерес на Унгарија
-
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за рамноправна, европска и правна држава, членка на Европската Унија