Русија демантира дека напаѓа цивилни објекти во Сирија
Руското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата од турските власти дека руските воено-вселенски сили напаѓаат цивилни објекти и мирни жители на Сирија.
- Антируската кампања на Анкара е очигледна реакција на тврдењата на Москва дека Турција е вмешана во незаконски дејствија во северните делови на Сирија, вклучително и илегална трговија со нафта од наоѓалиштата кои се под контрола на Исламска држава, како и пружање на помош на екстремистички и терористички групи, се наведува на интернет-страницата на руското МНР.
Во соопштението се посочува и дека „популистичките маневри нема да успеат да го одвлечат вниманието на светската заедница од деструктивната улога на Турција во Сирија“.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу во неделата иозјави дека со доаѓањето на руските сили во Сирија значително се зголемил бројот на цивилни жртви. Тој посочи дека во последните недели бројот на цивилни жртви надминал над 600 и секој ден расте.
- Не зборуваме само ние за тоа. Тоа го соопштуваат и меѓународните организации за човекови права. Сакаме цел свет да знае дека 150 од жртвите се деца, истакна Давутоглу во обраќањето до нацијата.
Ново на Сител
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кузеска
-
МЗ: На лекување во странство се 69 пациенти, нема промена во нивната состојба
-
45-годишен скопјанец физички нападнат од група малолетници во двор на основно училиште
-
Приведени двајца скопјани, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу нив
-
Протестен „Марш за ангелите“ се одржа во Кочани
-
Сообраќајна несреќа во Струга кај магистралниот пат А-2, три лица се здобиле со повреди