Русија анализира разместување сили на границата на Таџикистан со Авганистан

Русија анализира да обнови контрола врз границата на Таџикистан со Авганистан, изјави денеска висок претставник од руското Министерство за одбрана.
Талибанците во Авганистан постигнаа неодамна воени успеси во северната провинција Кундуз која се граничи со Таџикистан. Русија и нејзините сојузници во Централна Азија освен тоа се загрижени од перспективата за навлегување на екстремисти обучени во Сирија.
Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев претходно изјави на заедничка прес конференција со рускиот претседател Владимир Путин дека двајцата се загрижени за ситуацијата во Таџикистан каде има судири меѓу исламисти и силите за безбедност.
Запрашан дали Русија може да обнови контрола врз границата на Таџикистан и Авганистан, рускиот заменик министер з аодбрана Јуриј Борисов одговори: - Не е исклучено тоа. Ние имаме база таму и нашите политички лидери ќе одлучат. Се е можно.
Руската армија патролираше по границата на Таџикистан и Авганистан до 2005 година кога сеповлече по билатерален договор. Во октомври 2013 година Москва и Душанбе потпишаа договор за продолжување на престојот на руски војници во Таџикистан за триесет години.
Десетици илјади луѓе загинаа во најсиромашната поранешна советска републка во периодот 1992-1997 година во граѓанската војна меѓу поддржаните од Русија власти и исламски бунтовници.
Во Казахстан, најголемата економија во Централна Азија и втор по големина производител на нафта во постсоветското пространство, исто така има судири меѓу силите за безбедност и исламски бунтовници. Се очекува безбедносната ситуација да доминира на средбите во Казахстан на министрите за надворешни работи од Заедницата на независни држави денеска и утре.
Ново на Сител
-

Трамп: Неопходен е нуклеарен договор, што ќе го замени Нов Старт
-

Приведен е и вториот осомничен за фрлањето бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
-

Времето денеска променливо облачно со дожд
-

Голема акција на МВР во поранешната фабрика ОХИС во врска со пронајдените 5 тони марихуана
-

Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно
-

Словенечката влада усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
