Русеф: Бразил ја губи битката против вирусот зика
Бразил ја губи битката против ширењето на вирусот зика, изјави претседателката на Бразил Дилма Русеф и повика на искоренување на комарците во земјата.
- Немаме повеќе вакцини за зика. Единствено што можеме да правиме е да се бориме против комарците, изјави Русеф за новинарите за време на посетата на командниот центар за борба против вирусот Зика, и упати повик кон Бразилците да ја отстранат застоената вода во барите и отворените резервоари каде се леглата на инсектите, пренесува Танјуг.
Се смета дека вирусот зика е одоворен за значителниот раст на бројот на случаи на родени деца со тешки оштетувања на мозокот во Бразил.
Светската здравствена организација (СЗО) процени дека во наредните година дена во Северна и во Јужна Америка со вирусот зика би можело да се заразат три до четири милиони луѓе, како и дека болеста би можела да се прошири во Кина.
Претставникот на оделението на СЗО за спречување на епидемиите во Северна и Јужна Америка, Силван Алдигјери објасни дека проценката се заснова на претходниот број на заразени од денга треската, која, исто така ја пренесуваат комарците.
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи