-->
-->
Румениге потврди: Видал доаѓа во Баерн
-->

Досегашниот фудбалер на Јувентус, Артуро Видал, наскоро ќе потпише за Баерн Минхен, потврди денеска извршниот директор на германскиот клуб Карл-Хајнц Румениге.
- Можам да потврдам дека сме на иста линија и со фудбалерот и со Јувентус. Постигнат е договор и се чека да се завршат само медицинските прегледи по што Видал ќе го стави својот попис на договорот.
Баварците во Чилеанецот гледаат соодветна замена за Бастијан Швајнштајгер кој по 17 години го напушти Баерн и замина за Манчестер Јунајтед.
Видал (28) од 2011 година ги брани боите на Јувентус, клуб за кој одигра 124 натпревари и постигна 35 гола.
Со националниот тим на Чиле неодамна ја освои историската прва титула шампион на Јужна Америка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
-

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево продолжува со работа на најсложениот дел
-

Се одложи стартот на судењето за екс вицепремиерот Груби, адвокатите побараа увид во доказите
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
