-->
-->
Румениге незадоволен од критиките на Левандовски
-->

Претседателот на Управниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, го критикуваше најдобриот стрелец во тимот, Роберт Левандовски, поради неговите неодамнешни коментари поврзани со клупската трансфер-политика.
Полскиот репрезентативец неодамна изјавил дека во моментов парите и успесите се многу поважни од лојалноста кон клубот и истакнал дека жали поради тоа што германскиот гигант финансиски не сака да се носи со екипи кави што се Барселона и ПСЖ.
„Тој се жали, доколку јас добро ги разбирам изјавите. Лојалноста кон клубот е најважна и за нас и за навивачите. Одамна имаме воспоставено сериозна и успешна филозифија“, рекол Румениге, кој нагласил дека ќе поразговара со Левандовски во врска со неговите изјави.
„Секој оној кој јавно ќе го критикува клубот, тренерот и членовите на тимот ќе мора да се соочи со мене лично“, нагласил Румениге за „Билд“.
Од друга страна, еден од легендарните играчи на Баерн, Штефан Ефенберг, побара од полскиот фудбалер да си замине од клубот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
