Румениге: Не го пуштаме Тијаго без пари
Претседателот на одборот на Баерн (Минхен) Карл-Хајнц Румениге разјасни една од најактуелните теми околу баварскиот клуб, имено желбата на Тијаго Алкантара да се пресели во Ливерпул. Шефот на баварците потврди дека шпанскиот репрезентативец одбил да го обнови својот договор и ќе биде продаден.
– Тијаго е исклучителен и на теренот и надвор од него. Ние преговаравме и ги исполнивме сите негови барања. Сепак, се чини дека тој сака да проба нешто ново во неговата кариера. Немавме никаков контакт со Ливерпул. Ако Тијаго инсистира да си замине,ќе мора да се договориме. Едно е сигурно – нема да го пуштиме бесплатно на крајот од неговиот договор, изјави Румениге за „Билд“.
Претходно, медиумите објавија дека Алкантара веќе ги договорил личните услови со Ливерпул и им кажал збогум на своите соиграчи. Сепак, тренерот Ханси Флик објави дека има намера да се потпира на играчот од средниот ред во финалето на германскиот куп против Баерн (Леверкузен).
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови