-->
-->
Рударскиот гигант „Солвеј“ најави околу 40 милиони евра нови инвестиции
-->
Во истрагите на бакарна руда во општина Пехчево, што започнаа во 2010 година, рускиот рударски гигант „Солвеј“ вложи над 4.000.000 евра.
По добивањето дозвола за експлоатација на бакарот и потпишување на договорот за концесија помеѓу Министерството за економија и компанијата „Кадиица метал“ во наредниот период за отворање на рудник „Солвеј“ најавени се нови инвестиции од околу 40 милиони евра.
Стручните луѓе на „Солвеј“ објаснуваат дека катодниот бакар од рудникот кај Пехчево ќе се добива по пат на лужење - технолошки процес сличен на оној што се применува во радовишки „Бучим“, а ќе се примени и во рудникот „Казан Дол“ во Валандово. Тоа значи, појаснуваат, дека целото подрачје ќе биде заштитено од еколошки аспект.
- Во отворањето на рудникот гледаме голема шанса за економски развој на Пехчево, бидејќи само од концесиониот надоместок во буџетот ќе се влеваат 500 до 700 илјади евра. Своја шанса за вработување ќе добијат и многумина од 600-те регистрирани невработени лица, од кои 400 се активни баратели на работа, вели градоначалникот на Пехчево Игор Поповски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц е победа за македонската дипломатија
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
По предлог на Вајц, одложено гласањето за предлог-извештајот за напредокот на Македонија
-
ДУИ поднесе интерпелација за претседателот на Уставниот суд
-
ВРЕДИ се уште нема став за една изборна единица
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек