-->
-->
Рударите ќе заминуваат во пензија на околу 50-годишна возраст
-->
Рударите ќе се пензионираат само со работен стаж. Жените со 35 години, мажите со 40-годишен работен стаж, а за тоа се изготвени и законски измени, информира денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. На денешната седница, како што потенцира министерката, била усвоена точката за измени и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што им овозможува бенефициран стаж на рударите.
- Со досегашниот закон тие би заминувале во пензија на околу 58-годишна возраст, а со новиот закон тие ќе заминуваат во пензија на околу 50 години.
Таа посочи дека сега за секоја година пропорционално ќе им се пресметува бенефицираниот стаж и така побрзо ќе навршат 40 години бенефициран стаж и ќе можат да заминат во пензија.
- Се очекува во 2019/2020 година околу 100 лица да го остварат пензионирањето врз основа на ова законско решение, нагласи Царовска.
Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека рударството е многу значајно за индустриското производство во Република Македонија.
- Како сектор учествува со 8,31 отсто од индустриското производство, а директно и индиректно вработува над 10.000 граѓани во Република Македонија, посочи Бектеши.
Тој наведе дека ќе се работи и за дополнување и изменување на Законот за минерални суровини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
