Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
Американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска, пред средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека целта е напредок во преговорите меѓу Русија и Украина и дека конфликтот нема да заврши воено, туку дипломатски.
-Оваа војна нема да заврши со воено, туку со дипломатско решение, и колку побрзо се постигне договор за завршување на оваа војна, толку помалку луѓе ќе умираат и толку помалку уништување ќе има. И на крајот на денот, тоа е целта на претседателот (Доналд Трамп), рече Рубио, додавајќи дека се надева на скоро решение.
Тој посочи дека Трамп сака страните во конфликт да се фокусираат на економијата, реконструкцијата и градежништвото, се наведува на интернет страницата на Стејт департментот.
„(Трамп) беше многу јасен дека сака војната да заврши. Тој е отворен за практично секој механизам што нè доведува до праведен, траен и долготраен мир, и тоа е она што тој сака да го види. Тој сака да види крај на војните, сака да спречи да се случат војни. Целта на НАТО е да спречува војни со сопствена сила и затоа сакаме да го видиме како се зајакнува, со нивоа на трошење меѓу сите партнери што ќе им овозможат на сите да бидат посилни“, рече Рубио.
Истовремено, Руте рече дека на НАТО му е потребно американско лидерство поради руската и кинеската закана, посочувајќи дека Трамп и Рубио претставуваат добри лидери.
Ново на Сител
-
Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на вештачки уринарен сфинктер
-
Приведен 53-годишен маж од Кочани, возел под дејство на алкохол
-
Рубио: Првите разговори меѓу Украина и Русија не беа целосно губење време
-
Претседателката Силјановска Давкова за успехот на РК Алкалоид: Така се бранат македонските бои
-
Во Лондон денеска прв самит на Велика Британија и ЕУ по Брегзит
-
Лазаров по победата во Атина: Овие момци ја направија горда нацијата
-
Прв состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда
-
Предлогот за гувернер на Народната банка денеска во Собранието