Рубио: Наскоро ќе знаеме дали Русија сака мир
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Брисел изјави дека за неколку недели ќе се знае дали Русија сака мир во Украина или не.
По дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, Рубио изјави пред новинарите дека американскиот претседател Доналд Трамп „нема да падне во замката на бескрајните преговори заради преговори“.
Рубио додаде дека Украина изразила подготвеност за целосен прекин на огнот со цел да се создаде „простор за преговори“, пренесуваат француските медиуми.
-Ќе знаеме многу брзо – за неколку недели, а не за неколку месеци, дали Русија е сериозна за мир или не, рече Руте.
Шефот на американската дипломатија рече и дека Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, ќе дојде во САД оваа недела, што ќе биде прва посета на висок руски функционер на Вашингтон од почетокот на руската офанзива против Украина во февруари 2022 година.
- Тие ќе се вратат (во Русија) со пораки. А пораката е дека САД треба да знаат дали сте сериозни или не за мирот, додаде Рубио.
Рубио денеска изјави и дека САД нема да дозволат Гренланд, најголемиот остров во светот што и припаѓа на Данска, да стане зависен од Кина.
- Нема да дозволиме Кина да влезе и да им понуди многу пари за да станат зависни од неа, рече Рубио за данската автономна територија што Трамп сака да ја припои.
Тој се осврна и на посетата на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс на Гренланд на крајот на март, што предизвика остри реакции од Данска.
-Потпретседателот Венс јасно стави до знаење дека ќе го почитува правото на Гренланѓаните на самоопределување. Во еден момент Гренланѓаните јасно ставија до знаење дека сакаат да бидат независни од Данска. Затоа Данска треба да се фокусира на фактот дека Гренланѓаните не сакаат да бидат дел од Данска, рече Рубио.
Ново на Сител
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене