Рубиалес парично казнет за бакнувањето фудбалерка

Шпанскиот суд го осуди денеска поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес на парична казна од 10.800 евра за присилно бакнување на фудбалерката Џени Хермосо, чин што судот го опиша како сексуален напад.
Обвинителството бараше две и пол години затвор за Рубиалес, но поранешниот прв човек на шпанскиот фудбал не беше прогласен виновен за кривичното дело заплашување на шпанската репрезентативка.
Рубиалес, кој беше принуден да се повлече по скандалот со бакнувањето, ќе мора да плати казна од 10.800 евра, што е противвредност на 20 евра дневно во текот на 18 месеци.
Рубиалес ја бакна фудбалерката Хермосо без нејзина согласност за време на церемонијата на доделување медали по финалето на Светското првенство во 2023 година во Сиднеј во кое Шпанија ја освои титулата.
Судот го ослободи него и уште тројца обвинети од обвиненијата за присилба за прикривање на скандалот.
Ново на Сител
-

Приведен 77-годишник кој допирал жена во Скопје
-

Ја уценувал поранешната партнерка со компромитирачки видео запис од неа - приведен скопјанец
-

Турчин измамил свој сонародник за 6.650 евра, му ветил документи за престој и работа во Македонија
-

46-годишен маж нападнал полициски службеник на паркинг во Гостивар
-

На ГП Блато минатата година откриени 15 кривични и 32 прекршочни дела
-

МВР пресече транспорт на марихуана
-

Мицкоски за протестот на ССМ: Секој има право да протестира, минималната плата законски ќе се зголеми во март
-

Свлечиште оштети дел од потпорниот ѕид на штипската Клиничка болница
