РСБСП за сообраќајна едукација на децата отворија веб страна - semaforko.mk
Во услови кога надлежните институции препорачуваат ограничено движење на децата,
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со препорака до родителите да бидат активни, креативни и да го исполнат времето на децата со едукативни активности и едукативни содржини. Оваа е време кога можете и треба да поработите заедно со децата и да ги научите како треба да се однесуваат со цел да бидат безбедни во сообраќајот. Во таа насока потенцираме дека сообраќајната едукација на децата никогаш не е доволна и никогаш не е досадна.
Согласно тоа РСБСП препорачува да се користи веб страната за деца https://semaforko.mk/ каде што децата на креативен и забавен начин може да научат многу нешта за патниот сообраќај.
Поточно, на веб страната ќе најдете:
совети за децата за безбедно учество во сообраќајот
боенки со мотиви од сообраќајот
сообраќајно едукативна литература за деца
едукативни видео спотови за деца
тест за проверка на знаењето од областа на сообраќајот
корисни совети за родителите
други креативни содржини
Време е да се обноват знаењата во сообраќајот. Безбедни учесници во сообраќајот уште од најрана возраст.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено