Македонија
17. March 2020 - 9:56

РСБСП за сообраќајна едукација на децата отворија веб страна - semaforko.mk

Во услови кога надлежните институции препорачуваат ограничено движење на децата,

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со препорака до родителите да бидат активни, креативни и да го исполнат времето на децата со едукативни активности и едукативни содржини. Оваа е време кога можете и треба да поработите заедно со децата и да ги научите како треба да се однесуваат со цел да бидат безбедни во сообраќајот. Во таа насока потенцираме дека сообраќајната едукација на децата никогаш не е доволна и никогаш не е досадна.

Согласно тоа РСБСП препорачува да се користи веб страната за деца https://semaforko.mk/ каде што децата на креативен и забавен начин може да научат многу нешта за патниот сообраќај.

Поточно, на веб страната ќе најдете:

 совети за децата за безбедно учество во сообраќајот

 боенки со мотиви од сообраќајот

 сообраќајно едукативна литература за деца

 едукативни видео спотови за деца

 тест за проверка на знаењето од областа на сообраќајот

 корисни совети за родителите

 други креативни содржини

Време е да се обноват знаењата во сообраќајот. Безбедни учесници во сообраќајот уште од најрана возраст.