РСБСП со апел за Велигденските празнични денови: Возете одговорно и безбедно!

РСБСП упатува апел до сите учесници во сообраќајот – возачи, патници, велосипедисти и пешаци, да бидат особено внимателни и одговорни при учество во сообраќајот за време на претстојните Велигденски празници.
Велигден е празник на заедништвото, семејството и духовна радост, и за време на истиот се очекува зголемен интензитет на сообраќајот. Затоа РСБСП потсетува дека безбедноста на сообраќајот на патиштата е заедничка одговорност на сите нас и само со совесно и одговорно однесување можеме да го зачуваме секој живот.
Апелираме до сите возачи:
- Почитувајте ги ограничувањата на БРЗИНАТА на движење и пропишаната
сообраќајна сигнализација;
- НЕ управувајте возило под дејство на АЛКОХОЛ и ЗАМОР;
- Прилагодете ја брзината на движење према условите и состојбата на патот;
- Користете сигурносен ПОЈАС;
- НЕ користете МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН за време на управување со возило;
Сите учесници во сообраќајот имаат право на безбедно движење – но и обврска да придонесат за тоа.
Велигден е празник на нови почетоци, за љубов и радост во семејството - не дозволувајте една непромислена одлука да ги засени овие вредности.
РСБСП им посакува на сите граѓани среќни, мирни и безбедни празници. Да го дочекаме Велигден со насмевка, да бидеме одговорни и внимателни учесници во сообраќајот.
Среќни Велигденски празници!
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
