РСБСП со апел: Уживајте во празниците, прославете достоинствено, возете одговорно!

Возете одговорно, патувајте безбедно. Не дозволувајте празничната еуфорија да завладее со вашиот разум и да направете грешки за кои ќе се каете цел живот. Не возете под дејство на алкохол, почитувајте ги правилата за ограничување на брзината. Уживајте во празниците и прославете достоинствено, порача денеска Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Фактот што се прославува, односно фактот што се дочекува новата година, истакнува РСБСП, не ви дава за право да возете под дејство на алкохол, да бидете агресивни во сообраќајот и да не ги почитувате сообраќајните правила и прописи. Напротив, во вакви услови треба да бидете двојно повнимателни и двојно поодговорни во сообраќајот. Ризикот за учество на неодговорни учесници во сообраќајот за време на прославата на новогодишната ноќ е поголем од вообичаено. Временските услови, поточно ниските температури во доцните вечерни и раните утрински часови ја зголемуваат веројатноста за појава на голомразица на патиштата, а со тоа дополнително се отежнува безбедното одвивање на сообраќајот на патиштата.
-За време на новогодишните празници не го користи својот автомобил ако навистина немаш потреба. Ако пиеш не вози, ако возиш немој да пиеш! Алкохолот и „воланот“ никогаш не одат заедно! Брзината изнудува грешки! Уживај во празниците, уживај во возењето. Почитувај ги правилата за ограничување на брзината, препорачува и советува РСБСП.
Празниците, како што истакнува, се време за уживање. Помини ги во кругот на семејството, уживај во друштво со најблиските. Не дозволувај една грешка, еден непромислен чекор во сообраќајот, веселите празнични денови да ги претвори во нечија семејна трагедија.
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на ГП Дојран од грчка страна поради протест на земјоделци
-

Повреден возач во сообраќајна несреќа во Куманово
-

Државниот пазарен инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти пред празниците
-

Акциска контрола во Кичево, музичари од БиХ настапувале во угостителски објект без соодветна дозвола
-

И Вишиот управен суд потврди дека тужбата на Левица против АВМУ е неоснована
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 декември
-

Снежна бура во САД: Откажани речиси 500 летови, верижен судир помеѓу 45 возила во Индијана
