РСБСП потпиша меморандуми за соработка со АЦВ и АМЕРИТ

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка.
Како што соопштија од РСБС, документот преставува темелна основа за преземање превентивни мерки со кои ќе се заштити здравјето на учесниците во сообраќајот, ќе се воспостави интермодалност на сообраќајните мрежи во Република Македонија и ќе се промовираат безбедни начини за движење по пристапите од земската страна на аеродромите во РМ.
Воедно, наведуваат, ќе се отворат нови можности за преземање мерки и активности со кои ќе се идентификуваат и обележат патиштата во близина на аеродромите, леталиштата и терените.
Потписниците на Меморандумот, се посочува, едновремено, се заложија да организираат едукативни настани кои ќе имаат цел да го подигнат нивото на информациите достапни на странските туристи кои слетуваат на двата македонски аеродроми, во Скопје и Охрид, за спецификите на сообраќајот, како и да им овозможат практични совети за безбедно учество во сообраќајот во земјава.
- Меморандумите што се потпишаа денеска претставуваат добра основа за понатамошна успешна заедничка соработка, која се надеваме дека ќе даде сериозен придонес за подигнување на безбедноста на сообраќајот, особено кај професионалните возачи. Потпишувањето на овие Меморандуми нека биде и поттик за останатите компании во рамките на своите активности од областа на опшествената одговорност да го препознаат сообраќајот како сериозен проблем и да вложат свои напори во придонесувањето кон поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот на патиштата, истакнаа од РСБСП.
Во духот на континуираните активности, на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот за соработка со сите релевантни институции и компании кои го препознаваат проблемот со безбедноста во сообраќајот, како општествен проблем, РСБСП денеска потпиша меморандум за соработка и со СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ чија цел е продлабочување на соработката и постигнување на заедничи цели во зголемување и унапредување на безбедноста во сообраќајот како опшествен прооблем. Со Меморандумот двете страни се обврзуваат дека ќе соработуваат во полето на унапредувањето и зголемувањето на безбедноста на патиштата, зголемување на едукацијата на професионалните возачи и намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди преку заедничко делување.
- Потпишувањето на овој меморандум е добра основа во рамки својата понатамошна собработка помеѓу двете инстиутиции да разменат искуства, совети и информации во врска со позитивните пракси кои се употребуваат и кои можат да се употребат, со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, заеднички констатираа првите луѓе на двете институции, стои во соопштението од РСБС.
Ново на Сител
-

Николоски: Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват - Скопје
-

Алкалоид и Прилеп за старт на 9. коло од Супер лигата, дербито се игра во недела
-

Ф1: 13.000 смртни закани на адреса на Гасли
-

Зверев од понеделник прв пат во кариерата на чело на АТП ранг-листата
-

Анчелоти не запира со подмладувањето, повика 15 фудбалери помлади од 23 години
-

Алкараз и Медведев четвртфиналисти во Виена
-

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа - МВР апелира граѓаните да не веруваат во брза заработка преку интернет
-

Македонските кик-боксери се подготвуваат за Европското првенство во Скопје
