РСБСП: Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, гаранција за безбеден сообраќај
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) порачува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи е гаранција за безбеден сообраќај и апелира возачите да возат одговорно и внимателно, како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за безбедно да пристигнат на саканата дестинација.
-Сите ние секојдневно сме учесници во сообраќајот и секојдневно сме сведоци на голем број негативни примери на непрописно и опасно учество во сообраќајот, непочитување на сообраќајните правила и прописи, непочитување на поставената сообраќајна сигнализација, ниско ниво на култура, етика, толеранција и ниско ниво на меѓусебно почитување помеѓу учесниците во сообраќајот, велат од РСБСП.
Ваквата состојба, потенцираат, резултира со голем број на сообраќајни незгоди и голем број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, и додаваат дека нивните анкети покажуваат дека околу 50 отсто од возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните знаци и поставената сообраќајна сигнализација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови