Роули: Велика Британија се соочува со се поголем десничарски тероризам
Шефот на антитерористичката служба на Велика Бритранија Марк Раули изјави дека во државата има се поголема опасност од десничарскиот тероризам.
- Десничарскиот тероризам е се позначаен и претставува се поголем предизвик, поголем отколку што му се обрнува внимание во јавноста, истакна Раули.
Според него, до пред две години активноста на десничарите била ограничена на непријатни протести и кривични дела направени од омраза, додека сериозните инциденти се припишувани на поединци, меѓутоа разузнавачката служба МИ5 сега ги истражува десничарските активности.
Тој предупреди дека британските десничарски групи бараат да се поврзат со меѓународниот екстремизам.
Роули рече дека во последните 18 месеци во Велика Британија е присутна домашна, неонацистичка организација, која заговара супермација на белата раса и која има амбиции како и која било друга терористичка организација посветена на насилство.
- Тоа треба сите да не загрижи, потенцира Роули и додаде дека во Британија минатата година се изведени пет терористички напади, меѓу кои и нападот изведен од еден маж, кој со автомобил влета во група муслимаски верници, а кај него е пронајден и пропаганден материјал на десничарите.
Ново на Сител
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години