Роси изненаден од брзината на Јамаха на „Мизано“

Пилотот на Јамаха, Валентино Роси откри дека е изненаден кога ги видел сите четири мотоцикли на неговиот конструктор во првите 5 по првите две слободни тренинг сесии на тркачкиот викенд во Сан Марино.
Тимскиот колега на „Докторот“, Маверик Вињалес беше најбрз со машината што ја користи уште од почетокот на 2019 година, додека Роси вози на „Мизано“ со нов издувен систем и карбонска шасија.
– Двата дена на тестовите на „Мизано“ беа позитивни затоа што работевме многу напорно, особено на нови работи и на крајот на тестот бев целосно убеден дека тие функционираа подобро. Ние се фокусиравме на тоа и се чини дека нè прави конкурентни. Мислам дека сите пилоти на Јамаха беа брзи, бидејќи нашите конфигурации на моторот се многу различни, прокоментира Валентино.
Сепак, „Докторот“ сè уште не е целосно задоволен со својата машина.
– Мое лично мислење е дека сè уште имаме многу работа да завршиме затоа што не се чувствувам пријатно со рамнотежата на моторот, заврши легендата на МотоГП.
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
