„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
Руската Федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација) денеска соопшти дека авионот на „Азербејџан ерлајнс“ што пред два дена се урна во Казахстан, ја сменил рутата и не слетал во главниот град на Чеченија, Грозни.
Според „Росавијација“ капетанот ја сменил рутата на авионот поради густата магла и воздушната тревога издадена во Чеченија поради нападот со украински беспилотни летала. Агенцијата тврди и дека на капетанот му биле понудени и други аеродроми за слетување, но тој го избрал Актау во Казахстан.
„Росавијација“ на денот на несреќата соопшти дека авионот имал два обида за слетување во Грозни додека украинските дронови ја напаѓаа чеченската престолнина.
– Во тоа време украинските воени беспилотни летала извршуваа терористички напади врз цивилната инфраструктура на градовите Грозни и Владикавказ, објави началникот на „Росавијација“, Дмитриј Јадров на Телеграм.
„Росавијација“ истакна дека ќе соработува со казахстанските и азербејџанските истражители.
Неименувани претставници на Владата на Азербејџан вчера изјавија дека патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ бил погоден од руска ракета земја-воздух. Руската ракета била истрелана поради дроновите над главниот град на Чеченија, Грозни, а шрапнели ги погодиле патниците и екипажот, што експлодирале покрај авионот.
Тие исто така тврдат дека на оштетениот авион не му било дозволено да слета на ниту еден руски аеродром, иако пилотите побарале итно слетување. Пилотите добиле наредба да го прелетаат Касписко Море и да слетаат во Актау.
Податоците од ГПС навигациските системи на авионот биле попречувани за време на целиот лет над Касписко Море.
При уривањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“ загинаа 37 луѓе, а 29 преживеаја. Помеѓу жртвите има и руски, како и државјани од соседните земји.
Ново на Сител
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%
-
Безбедносната зона околу Собрание нема да значи забрана за протести
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
Марта Кос се понуди да ги олеснува разговорите меѓу Скопје и Софија
-
Инспекторите за јазици бараат плата, но не и да говорат на македонски – можно решение по гласање на законот