-->
-->
Роналдо си оди, играчите слават!
-->

Кристијано Роналдо не е омилен лик во соблекувалната на Манчестер јунајтед. Всушност, неговите соиграчи сметаат дека е напорен, поради што славеле кога разбрале дека сака да го напушти клубот, пишува „Дејли мејл“.
Португалецот изрази желба да си замине од „Олд Трафорд“, но клубовите низ Европа, оние кшто ќеиграат во Лигата на шампионите не се заинтересирани за 37. годишникот.
Наводно бил одбиен Челзи, Пари Сен Жермен, Баерн, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид. Медиумите шишуваат дека во овој момент, во финишот на преодниот рок единствена опција за него е Наполи.
Англиските медиуми пишуваат неговите сегашни соиграчи едвај чекаат тој да го напушти клубот. Според овие извори тој станал фигура на раздор во тимот затоа што не им ги простува грешките на соиграчите и наводно оди дотаму што барал Хари Мегваер и Маркус Рашфорд да играат на нивото на кое некогаш биле Рио Фердинанд и Вејн Руни.
Роналдо оваа сезона настапи на четири првенствени натпревари за Јунајтед, но одигра само еден натпревар од почеток, не постигна гол ниту пак забележа асистенција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Американскиот Црвен крст предупреди на критичен недостиг на крвни резерви во САД
-

Туск: Русија го наруши воздушниот простор на Полска при ноќешните напади врз Украина
-

Возач од Гевгелија фатен со речиси двојно поголема брзина од дозволената
-

Продолжува гаснењето на пожарите на грчките острови Крит и Лезбос
-

Ревизијата утврди недоследности во работењето на ФЗО
-

Андоновски и Ангеловски ќе ги промовираат новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
-

Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран
-

Православните денес ја слават Света великомаченица Марина – позната како Огнена Марија
